Реакциите на меѓународната заедница за мене беа очекувани после снимките кои излегоа од собранието, излегоа снимки на кои секој би реагирал, тепаат пратеници и народ, меѓутоа кога ќе се погледнат добро фактите ќе се види дека она што се случи е незаконско, нелегално, против уставно и против деловничко да се избере претседател на собрание, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Топ-Тема на телевизија Телма.
Груевски го запраша и новинарот кои има искуство, по кој член од деловникот се избира претседател на собрание и како очекува некој да ако го погледне деловникот да каже дека се било согласно деловникот законот и уставот.
Тоа беше кршење на правото, вели Груевски. Тој на прашањето како ќе реагира кога ќе се сретне со меѓународната заедница вели:
„Ќе ги прашаме и нив кажете ни по кој член од деловникот е избран за претседател Талат Џафери, владеењето на право треба да важи и во нивните земји и во нашата земја и треба да важи секаде и не може да важи секаде, а само за избор на претседател на собрание да не важи гужва е и критична е ситуацијата“, рече Груевски.