Министерството за образование и наука ја објавува листата на студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установи во Република Македонија согласно Законот за високото образование, кои се стекнале со правото на патување во една од трите светски метрополи: Париз, Венеција или Барселона.
Согласно критериумите наведени во јавниот повик, објавен на интернет страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, на ден 30.3.2017 година, од вкупно пристигнатите 74 апликации заклучно со 13.4.2017 година, 21 ги исполнуваат условите од повикот и истите се прифатени и одобрени од страна Комисијата формирана за оваа намена.
Кандидатите чијашто апликација е прифатена, односно се наоѓаат на објавената листа, за реализација на бесплатното патување потребно е со Министерството за образование и наука да потпишат договор за регулирање на меѓусебните права и обврски. Избраните кандидати дополнително преку наведените телефонски контакти ќе бидат известени за датумот и терминот на потпишување на договорот, кој може да се обезбеди на следниот линк.
Лице за контакт и дополнителни информации – Кенан Сали, тел. 070 276 310, qenan.sali@mon.gov.mk