Директорката на Царинската управа учествуваше на семинар на високо ниво за зајакнување на соработката помеѓу царинските и даночните служби. Семинарот се одржа од 27-ми до 28-ми април 2017 година во Малта.
За царинските и даночните служби заедничко е тоа што тие се одговорни за контрола и наплата на даноци и давачки и спречување на измама.
На семинарот се дискутираше за сегашното ниво на соработка помеѓу двете служби, но и како соработката може да се подобри и зајакне.
Учесниците дискутираа и за целите што треба да се постигнат, како и кои конкретни чекори треба да се преземат за нивно постигнување.
Во истиот период, во Малта претставници на Царинска управа учествуваа на 15от Состанок на Европската комуникациска мрежа за царина и оданочување на кој меѓу другото, беа разгледани комуникациските активности во 2016 година за земјите членки на ЕУ и земјите кандидати и новите трендови за комуникација.