Во врска со соопштенито на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид во која стои:
„Дефинитвно денешното соопштение на СДСМ Охрид може да се смести во рубриката “верувале или не” или да се протолкува флоскулно. Замислете почитувани граѓани истите оние кои под превезот на “Чист Охрид” ја создадоа депонијата Мауцкер и долги години истата ја натрупуваа со ѓубре при тоа безмилосно креирајќи депонија во непосредна близина на централното градско подрачје и езерото, денес “се грижат” за здравјето на граѓаните на Охрид. Наместо јавно извинување од нив добиваме нов обид за “чистење на совеста”, неуспешно обидувајќи се она што тие го создале на штета на граѓаните на Охрид да му го препишат на некој друг.
Во интерес на јавноста и со цел информирање на граѓаните, надлежните институции, иако СДСМ и тука се обидува да ги заплаши граѓаните, континуирано се на терен уште од самиот момент на појава на овој пожар и ги преземаат сите потребни мерки што резултира со веќе локализиран пожар и контролирана ситуација.
Охриѓани најдобро знаат како СДСМ владееше со Охрид и најдобро е такво владеење никогаш да не му се повтори на градот од било која политичка гарнитура.“– стои во соопштението.