Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 23 мај 2017 година (вторник), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честита Националниот ден на Власите.