Интегрален текст од прес конференција на Лилјана Затуроска
„Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува преставниците на парламентарното мнозинство да не се обидуваат да ги одолговлекуваат локалните избори и веднаш да обезбедат услови за пролонгирање на мандатот на локалната власт.
Овој чекор е неопходен со цел да се излезе во пресрет на интересите на граѓаните и потребите на општините, да продолжат нормално да функционираат како сервис на народот кој може да ги решава секојдневните комунални и инфраструктурни барања.
ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека локалната самоуправа е уставно загарантирано право и категорија и никаква тесно партиска стратегија на СДС не смее ова да го загрози.
Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека народот заслужува да биде прашан што мисли за постизборната измама преточена во Тиранската Платформа. Доколку парламентарното мнозинство се охрабри во истиот термин со локалните избори би можеле да се одржат и нови парламентарни избори, каде граѓаните не само што ќе ја изберат својата локална власт, туку ќе имаат можност да го кажат својот став и за последните политички случувања, и постизборни измами кои СДС им ги приреди.
Интересите и потребите на граѓаните се нашиот врвен приоритет, но сметаме дека е неопходно да се почитува и волјата и мислењето на народот за сериозни прашања какао Тиранската Платформа кои СДС и нејзините партнери ја договорија и чија реализација гледаме дека им се брза да ја отпочнат.
Секое одлагање на СДС да се соочи со народот само дополнително ја продлабочува политичката криза во државата и го зголемува револтот на граѓаните кон нивните незаконски, неуставни и пред се антидржавни чекори кои ги преземаат во континуитет.“