Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Вчера и денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на уредување на тревните површини во с. Пештани, с.Коњско и нас.елба Исток.

Се косеше нараснатата трева покрај улиците и тротоарите, со цел да се обезбеди прегледност за возилата и слободно движење на пешаците, информираат од претпријатието.