На 20.05.2017 година во 00.10 часот во ПС од ОН Струга, вработен во Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Имено, на 19.05.2017 година во периодот од 21.00 до 23.00 часот пред неговата семејна куќа, од страна на непознато лице на ПМВ „БМВ“, сопственост на неговата мајка, било оставено ливче со заканувачка порака и еден куршум калибар 9мм. Исто така, на 07.05.2017 година на неговото возило пронашол лист со заканувачка порака, но тој настан го пријавил само на неговото работно место.
ПС ОН Струга презема мерки за целосно расчистување на случајот.