Спасовски: Разговаравме за принципите на кои треба да биде формирана идната реформска Влада

Одговори на новинарски прашања

Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ

„Денеска завршивме со разговор со работната група на БЕСА. Преговорите продолжуваат и во наредните денови. Начелно, разговаравме за принципите на кои треба да биде формирана идната реформска Влада. Принципите во однос на тоа кои луѓе, какви кадри се потребни за да имаме реформи, меѓутоа, тоа е на принципиелни основи и очекуваме дека во наредниот период ќе отвориме малку повеќе детали околу составот на идната влада, се со цел да постигнеме договор и со БЕСА и со другите политички субјекти кои се дел, односно треба да бидат дел од новото парламентарно мнозинство.“ – истана Спасовски.

Одговори на новинарски прашања

Медиуми: Кога ќе ја соопштите одлуката за поделба на ресори, со оглед на тоа што соопштивте дека до вторник очекувате да го поднесете предлогот за Влада до Собрание?

Спасовски: Одлуката за поделба на ресори и за кадровски решенија ќе ја соопштиме во моментот кога ќе ја имаме.

Медиуми: Бараат ли БЕСА министерско место?

Спасовски: Сега разговаравме за принципите, не разговаравме воопшто ниту за поделба на ресори, ниту за други детали кои треба да ги имаме утврдено при праќање на предлогот, така што како за првична средба можам да оценам дека е позитивна, но ќе треба да продолжиме уште многу да работиме.

Медиуми: Какви услови има БЕСА?

Спасовски: Не разговараме за условување на едните и другите, разговараме за принципи. За нас како Социјалдемократски сојуз е важно да има принципи на основа на кои ќе биде формирана идната реформска Влада, а не на основа на условување меѓу партнерите, бидејќи тоа не е добар начин на комуникација.

Медиуми: Какви се вашите очекувања? Дали БЕСА ќе биде дел од новата Влада?

Спасовски: Ќе знаеме точно, кога ќе завршат преговорите.

Медиуми: Дали тоа значи дека ќе имате уште средби со БЕСА?

Спасовски: Веќе одговорив на тоа прашање, реков дека ќе продолжат разговорите.

Медиуми: Денеска ќе имате преговори со друга партија?

Спасовски: Не. Денеска ќе имаме внатрепартиски консултации, така што најверојатно утре продолжуваме со дебата со сите партии од идната владина коалиција.

Медиуми: А со Алијанса посебна средба ќе има?

Спасовски: Ако сметате дека во сите партии е и Алијансата, да.