На маргините на 127 сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа која се одржа вчера во Никозија во рамките на кипарското претседателство со Советот, ЗПВРМ и МНР Попоски оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, Јоанис Касулидес.
На средбата министрите разговараа за европските интеграциски процеси и важноста на истите во моменти во кои излегувањето на една земја членка може да ги засени прашањата за понатамошно проширување.
За Рeпублика Македонија е значајно Кипар, како земја-членка на Европската Унија, да биде поддржувач на интеграцијата на сите земји од Балканскиот полуостров, што ќе придонесе за релаксирање на односите во регионот и намалување на веројатноста за судири или ескалирање на националистичка реторика.