Писмо со сочувство од Димитриев до британскиот премиер Меј

Писмо со сочувство од Димитриев до британскиот премиер Меј

„Почитувана премиерке Меј,

Со згрозеност, вознемиреност и тага ја примив информацијата за ужасниот терористички чин кој се случи во Манчестер.

Во името на македонската Влада Ве молам примете ги изразите на длабоко сочувство и пренесете ги на семејствата на жртвите.

Мислите и молитвите на македонските граѓани се со граѓаните на Обединетото Кралство.

Република Македонија стои рамо до рамо со целата меѓународна заедница во борбата против тероризмот. Терористичките закани нема да го променат слободниот начин на живот и ќе бидат поразени со координиран, заеднички и бескомпромисен одговор.“ – стои во писмото.