Силен земјотрес во 12,30 часот во средата ја погоди Албанија, а го почувствувале и жителите на Охрид.
Според податоците од Европскиот-медитерански сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот со магнитуда од 4,4 степени по рихтер бил регистриран на 43 километри северо-источно од Тирана, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за материјални штети предизвикани од потресот, како и за евентуално настрадани.
Извор: Нет Прес