На денот на прославата на Св.Кирил и Методиј – 24ти мај, НВО Коалицијата на Египќаните спроведе хуманитарна акција за најранливите категории на граѓани, кои се фактор на социјален ризик и истите се на маргините на општеството.
Оваа хуманитарна акција е реализирана благодарение на донацијата на Тамаро – маркетите, за што се истакнува и голема благодарност. Целта на ова хуманитарна акција, беше да се ублажат проблемите со кои се соочуваат овие грагани, да се слушне нивниот глас како и тоа дека трајното решение се гледа во надлежните институции.
„Ние и понатаму ке бидеме активни, во рамките на нашите можности ќе помагаме и на овој начин, но и со бесплатна правна помош, а се со цел граѓаните кое се фактори на социјален ризик, ги надминат овие исклучително тешки проблеми, нудејки и им и бесплатна правна помош“, истакна лидерот на НВО Коалицијата на Египќаните дипл. правник Демир Далип, кој воедно му се заблагодари и на медиумите кои го покриваа вој настан, без кои оваа акција ќе го изгубеше и својот смисол.