ВМРО-ДПМНЕ предложи локалните избори да се закажат во итна постапка

ВМРО-ДПМНЕ предложи локалните избори да се закажат во итна постапка. Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека причината за предлагање на овој закон е тоа што постои сомнеж дека ново формираното владејачко мнозинство нема да го испочитува договорот од пред три недели за закажување на локални избори во Р. Македонија договорени помеѓу сите парламентарни партии да се одржат на 15 октомври.

„Се одлучив да го предложам овој закон поединечно поради тоа што се уште постои сомнеж дали ново формираното владејачко мнозинство искрено сака да го испочитува овој договор од пред три недели за закaжување на локални избори во Р. Македонија договорени помеѓу сите парламентарни партии да се одржат на 15 октомври. А во меѓувреме да се продолжи мандатот на сите градоначалници и Совети на единиците за локална самоуправа заради тоа што веќе три недели се соочуваат, сите градоначалници без разлика на партија на која припаѓаат, со сериозни проблеми и не можат да излезат во пресрет на барањата на граѓаните“, рече Димовски.