Во Турција уште две награди за пијанистот Арда Мустафаоглу

По освоените први награди во Србија, Италија и Бугарија, нашиот пијанист Арда Мустафаоглу на 28. мај ја освои и големата награда (Grand Prix) на интернационалниот EMCY натпревар за млади музички таленти во Истанбул (Турција).

Меѓународното жири едногласно одлучи на Арда да му ја додели и наградата за „Најдобра изведба на турски композитор“ за изведбата на „Black Earth“ на турскиот композитор Фазил Сај.

Во втората етапа од натпреварот, пред турската публика во преполната сала на Поморскиот музеј во општината Бешикташ, покрај задолжителната програма, Арда ја изведе и Токатата од македонскиот композитор Властимир Николовски.

Четиринаесет годишниот Арда Мустафаоглу е еден од најталентираните македонски млади пијанисти, кој со своите успеси е вистински промотор на македонската култура ширум Европа и светот.