Повикот за предвремени парламентарни избори останува отворен

Повикот за предвремени парламентарни избори останува отворен, истакна синоќа во Собранието претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

„Покажавме што е одговорна власт, што е власт која се грижи за народот, која ги исполнува дадените ветувања, која отвора нови работни места, која прави реформи и напредок. Уште еднаш ќе покажеме и што е одговорна, но и силна опозиција, која брзо, со поддршка на народот ќе се врати на власт, и ќе го превземе водството на водење на земјата напред и создавање на подобри услови за живот“, истакна Груевски.