Благодарам на Општината, на градоначалникот, на претседателот на Советот, кој е денеска со нас. Заедно, во нивно присуство, јас сум овде присутен со заменик претседателот на Владата господинот Хазби Лика, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот без ресор Самка Ибраимовски. Овде е и пратеникот и многу други политички фигури од нашиот општествен живот, со конечна цел, со здружени сили веднаш да му помогнеме на нашето население. Денеска на втората владина седница донесовме три одлуки.
Првата одлука е за формирање на комисија која до вечер треба да биде изготвена комплетно формално-правно, под ингеренции на министерот за земјоделствот, шумарство и водостпонаство за излегување на терен од утре, за да ги утврди сите штети што се настанати врз земјоделските посеви по нивите на граѓаните од Порој и целиот овој регион.
Еден дел од граѓаните живеат исклучиво од тоа. Мора брзо да се утврдат штетите за да почне постапката за надомест на штети. Втората одлука е за формирање на владина комисија под ингеренција на мнистерот за транспорт и врски, генералниот секретар на Владата, центарот за управување со кризи и неколку други ресори кои се надлежни за оваа работа, тоа е Комисија за утврдување на штетите врз инфраструктурата. Тоа е речното корито, тоа се улиците, урнисаните мостови, за брз пристап на наслението и враќање на нормалниот живот кој што навистина за 50-тина куќи овде е целосна изолација до пристапот до нивните куќи.
Целта е брза инстервенција за да може брзо да го вратиме животот на граѓаните од овој дел на тетовскиот регион. Истовремено, третата одлука што ја донесовме – го задолживме министерот за транспорт и врски да ги земе сите документи како што е програмата на УНДП која преку општина Тетово е аплицирана до Владата, за да пристапиме кон трајно решение, како превентива за неповторување на ваквите појави што често се случуваат токму на оваа локација, во Порој.
Се работи за интервенција уште горе во планините, на речните зафати, наносите кои мора да бидат спречени преку возобновување на браните кои постоеле порано, а сега веќе не и сето она што ќе значи амортизирање на големите наноси на вода кои се случуваат при вакви појави на дожд од поголеми количини. Целта е покрај брзата интервенција за расчистување на сите овие проблеми што се појавија со дождот, паралелно и отпочнување на целата постапка за превенирање за повеќе да не се повтори она што се случува во овој дел.
Како заклучок, донесовме решение веднаш кога комисиите ќе бидат готови со своите записници, да одржиме состанок во Владата со претседателот на Месната заедница кој е денеска овде со нас, со дел од локалното население и општината, за да ги констатираме сите конкретни решенија од делот на исплата и надомест на штетите, од делот на враќање на инфраструктурата повторно во нормала и во делот на план или динамика за реализација на студијата од УНДП, која што општина Тетово ја има аплицирано во Владата и сите други решенија кои може да бидат еден сублимат на трајно решение на овој проблем со кој се соочуваат граѓаните веќе години наназад.
Ако порано знаевме да кажеме дека води што течеле за 50 години дека повторно ќе се повторат, еве и климатските услови и природата веројатно ни враќа на некој начин, мораме да бидеме подготвени со трајни решенија кои ќе го нормализираат животот и ќе ги отстранат сите оние стравови кај граѓаните кои ги имаат при секој еден мал дожд. Денеска граѓаните рекоа дека еве дури и денеска се плашат, облачно е времето, што ќе се случи ако има повторно пороен дожд, дали ќе пливаат и домовите и куќите или слично. Брзата интервенција значи отстранување на тие проблеми и секако планското планирање ќе значи отстранување да не се повтори повторно.