Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска учествуваше на завршната конференција на проектот „Промоција на сервиси за социјална инклузија“, кој е финансиран преку програмата за развој на човечки ресурси при ЕУ.
На конференцијата беа презентирани постигнатите резултати во рамките на проект „Унапредување на услугите за социјална инклузија“ насочен кон подобрување на системот и услугите на социјална заштита и социјална вклученост, како и унапредување на принципот на еднакви можности на пазарот на труд.
Министерката Царовска нагласи дека политиките на социјална заштита и социјална инклузија треба да овозможат подобри услуги за грижа и заштита на лицата со посебни потреби, остварување на право на достоинствен живот, како и намалување на предрасудите кон лицата со инвалидност и побара активно вклучување на локалните власти, невладиниот и приватниот сектор за развање на постојните и воведеме на нови модели и услуги за подобра инклузија на лицата со инвалидност во општеството и на пазарат на труд.
“Ќе сакам да видам како и во пракса ќе профункционира овој системот креиран пореку овој пороект и ги повикувам сите засегнати и заинтересирани страни, невладини и останати институции да дадат свои коментари за овој проект. Нивото на социјална заштита за лицата со посебни потреби ќе мора да го издигнеме и да го доведеме на потребното ниво. Лично ќе се заложам овие социјални сервиси да се издигнат на ниво”, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Министерката Царовска на учесниците им подели и сертификати за помината обука за персонална асистенција и сертификати за помината обука за професионалана рехабилитација.
Во рамки на овој проект се спроведоа голем број на активности меѓу кои и националното истражување за „Потребите и барањата за услуги од професионална рехабилитација и персонална асистенција“.
На отворањето се обрати и раководителот на одделот за инфраструктура, земјоделство и социјални политики при Делегацијата на ЕУ Мауро ди Вероли, а на конференцијата учествуваа и лица со инвалидитет, претставници на институции, експерти и членови на НВО, кои разменија исксутва и разговараа за проблемите за социјална инклузија на обесправени лица.