СВР Охрид поднесе кривична пријава против A.Д. (25) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување со опасно орудие при караница или тепачка”.
На 06.05.2017 година околу 01,20 часот, пријавениот дошол во пекарата Лихнидос лоцирана во ТЦ Амам и барал од продавачките нешто за јадење без да плати. Еден од вработените кој што работел внатре во пекарата откако тоа го видел тоа се јавил на својот татко Д.Ф. (42) по што Д.Ф. веднаш тргнал кон пекарата, но бил пресретнат од пријавениот кој во раката држел нож почнал да вика на висок тон и да му упатува закани и навреди, затоа што наводно продавачките во пекарата не му давале јадење. Д.Ф се обидел да го смири по што тој го ставил ножот во џеб, но во еден момент со тупаница го удрил по лицето по што побегнал. Д.Ф. се упатил во МЦ заради укажување на лекарска помош по што настанот го пријавил во полција.