Македонскиот народен театар (МНТ) вчеравечер го затвори Драмскиот фестивал во австриски Грац со изведба на претставата „Копање“ во режија на Франц фон Штролхен.
Претставата имаше две изведби, завчера и вчера, на големата сцена во објектот Дом им Берг, со над 600 посетители, информира денеска МНТ.
Учеството на фестивалот е дел од мини турнејата на Македонскиот народен театар.
Со претставата „Копање“ МНТ задутре ќе гостува на Фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп, а на 18 месецов со претставата „Животот е прекрасен“ на Деновите на сатира и театар во организација на театарот Керемпух во Хрватска.