Светски ден против злоупотребата на детскиот труд

Меѓународната организација на трудот (ILO) го започна Светскиот ден против злоупотребата на детскиот труд во 2002 година за да се фокусира вниманието на глобалниот степен на злоупотреба на детскиот труд и акција и напорите кои се потребни за да се елиминира. Секоја година на 12 јуни, Светскиот ден ги соединува владите, работодавачите и работничките организации, граѓанското општество, како и милиони луѓе од целиот свет за да се потенцираат маките на децата работници и она што може да се направи за да им се помогне.

Темата на Светскиот ден против злоупотребата на детскиот труд за 2017 година е: „Заштитете ги децата од злоупотреба на детскиот труд, при конфликти и катастрофи“.

На глобално ниво над 1,5 милијарди луѓе живеат во земји кои се погодени од конфликти и насилство. Во исто време, околу 200 милиони луѓе се погодени од елементарни непогоди секоја година. Една третина од нив се деца. Еден значаен дел од 168 милиони деца се вклучени во искористувањето на детскиот труд, живеејќи во областите погодени од конфликти и катастрофи.

Конфликтите и катастрофите имаат разурнувачки ефект врз животот на луѓето. Тие убиваат, осакатуваат, повредуваат, ги принудуваат луѓето да ги напуштат своите домови, ги втурнува луѓето во сиромаштија и глад и ги доведува во ситуации во кои се повредени основните човекови права. Децата често се први кои страдаат, училиштата се уништени и основните услуги се прекинати. Многу деца се внатрешно раселени или стануваат бегалци во други земји, и се особено ранливи од трговијата со луѓе и злоупотребата на детскиот труд. На крајот на краиштата, милиони деца се принудни на злоупотреба на детскиот труд од конфликтите и катастрофите.

Потребна е итна акција за справување со искористувањето на детскиот труд во областите погодени од конфликти и катастрофи. Агендата која има за цел да се „искорени принудната работа, да се стави крај на модерното ропство и трговијата со луѓе и да се обезбеди забрана и елиминација на најлошите форми на детски труд“ треба да се постигне до 2030 година. За тоа, треба да се интензивира и да се забрза акцијата за ставање крај на злоупотребата на детскиот труд, заклучно со областите погодени од конфликти и катастрофи. А тоа треба да го направиме сите заедно.

WebOhrid