Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) односно член 123 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.199/14) и Решението за организирање на јавна анкета и јавна презентација бр.19-2763/8 од 06.06.2017 год. Градоначалникот на општина Охрид дава
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА Локална урбанистичка планска документација за големи угостителски единици – Б3, на кп 1177/2, кп 1177/3, кп 1177/4, кп 1178/3, кп 1178/4, кп 1179/3 и кп 1179/4 КО Оровник – Општина Охрид
СЕ ОРГАНИЗИРА јавна анкета и јавна презентација за Локална Урбанистичка Планска Документација за големи угостителски единици – Б3, на кп 1177/2, кп 1177/3, кп 1177/4, кп 1178/3, кп 1178/4, кп 1179/3 и кп 1179/4, КО Оровник – Општина Охрид .
Граница на планскиот опфат е затворена полигонална линија и оди по границите на катастарските парцели: на северозападна страна започнува од пресекот на кп 1177/2 со кп 1178/2 со банкината од Регионалниот пат Охрид – Струга Р-420 и оди кон југо-исток по границите на кп 1177/2, кп 1177/3 и кп 1177/4 се до пресекот со постојниот пристапен пат до езеро, свртува кон југо-запад по границата на постојниот пристапен пат и оди до завршетокот на пристапниот пат, свртува на северо-запад по границите на кп 1179/4 и кп 1179/3 и оди се до завршетокот на кп 1179/3, свртува кон северо-исток по границите на КП 1179/3 и 1178/3 и оди се до пресекот на кп 1178/3 со кп 1177/2, повторно свртува кон северо-запад и оди по границата на кп 1177/2 се до пресекот на кп 1177/2 со кп 1178/2, свртува кон североисток по границата на кп 1177/2 со кп 1178/2 и оди се до пресекот на наведените парцели со банкините на регионалниот пат се до почетната точка.
1. Јавната анкета ќе трае од 12.06.2017г. до 16.06.2017г.
2. Јавната презентација ке се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 14.06.2017г. во 12 часот.
3. Локална урбанистичка планска документација за големи угостителски единици – Б3, на кп 1177/2, кп 1177/3, кп 1177/4, кп 1178/3, кп 1178/4, кп 1179/3 и кп 1179/4 КО Оровник – Општина Охрид, ќе биде изложен во холот на општина Охрид пред големата сала на општината, за увид на граѓаните и правните лица.
4. Стручна служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14 до 16 часот во просториите на општината.
5. Сите заинтересирани физички и правни лица, како и субјектите од членот 29 на горе цитираниот Закон за просторно и урбанистичко планирање можат да достават забелешки и предлози по нацртот на планот на анкетни листови додека трае јавната анкета до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.