Синоќа започна 16 –от меѓународен музички натпревар за млади музичари- “Охридски бисери“ . На свеченоста присустуваше заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој се обрати во име на градот домаќин.
„Искрено верувам дека изминатите години, “Охридските бисери“ придонесоа кон збогатувањето на нашата духовна ризница и уште повеќе Охрид го отворија кон светот и предизвиците кои ги носи иднината. Ве уверувам дека градот Охрид ќе стори се Вашата хумана,космополитска и универзална идеја да трае и да се збогатува и по форма и по содржина, во годините и десетлијата кои се пред нас. Убеден сум дека Охрид и охриѓани ќе ве пленат со својот шарм, а дека публиката и учесниците ќе имаат незаборавни моменти во Вашите уметничи перформанси. Ви посакувам успешен фестивал и пријатен престој во Охрид“– истакна Јанев.
На годинашниот натпревар 120 кандидати од Русија, Кина, Германија, Полска, Романија, Бугарија, Литванија, Хрватска, Србија и Словенија ќе се натпреваруваат во дисциплините: Флејта, Кларинет, Саксофон, Труба, Хорна иТромбон.
Младите музичари ќе ги оценува интернационално жири од познати и признати музички педагози од: Русија, Германија, Бугарија, Австрија, Македонија и Србија.