Светски ден за борба против дезертификацијата

Во 1994 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 17-ти јуни за Светски ден за борба против дезертификацијата (опустинувањето и сушата), за подигнување на јавната свест за ова прашање, како и спроведувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против дезертификацијата (UNCCD) во земјите кои се соочуваат со сериозни суши и/или опустинување, особено во Африка.

Оваа година Светскиот ден за борба против дезертификацијата ја истражува врската помеѓу деградацијата на земјиштето и миграцијата. Помеѓу другото, деградацијата на животната средина, несигурната храна и сиромаштијата се причини за миграција.

Во Агендата за одржлив развој 2030 стои дека: „ние мораме да ја заштитиме планетата од деградација, вклучително и преку одржлива потрошувачка и производство, одржливо управување со природните ресурси и преземање на итна акција за климатските промени, така што со тоа би се поддржале потребите на сегашните и идните генерации“.

WebOhrid