Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.В. (18) од Кавадарци и Р.М. (17) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршиле 11 кривични дела во серија од кои четири кривични дела „тешки кражби“ во патнички моторни возила, пет кривични дела „тешки кражби во обид“ во патнички моторни возила и две кривични дела „тешки кражби“ на велосипед. На тој начин се стекнале со противправна имотна корист од околу 110.500 денари, а предизвикале и голема материјална штета.
Пријавените ги извршиле кривичните дела на ден 29.05.2017 година во периодот од 04.00 до 06.30 часот во гаражите од зграда на ул. ,,Димче Мирчев“ бр. 20. Истите, со употреба на соодветен алат, насилно влегле внатре и отвориле вкупно девет возила, додека пребарување извршиле во внатрешноста од пет возила при што пронашле и одзеле околу 500 денари, една кошула, очила, навигациски уред, мобилен телефон и други предмети. Покрај предметите од возилата, пријавените од гаражата одзеле и два велосипеди.
Од страна на полициски службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Центар и Бит Пазар преземени се сеопфатени оперативни мерки и активности. На 17.06.2017 година, од страна на полициски службеници од Единицата за прв одговор и интервенции – Алфа, лишен е од слобода првопријавениот А.В., со кој е извршен службен разговор во кој истиот го појасни начинот на извршување на кривичните дела.
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција со Одделенијата, презема дополнителни мерки и активности во насока на расчистување на други кривични дела „тешки кражби“ во патнички моторни возила извршени на подрачјето на град Скопје во затворени паркинг простори и на други локации, по што ќе бидат доставени соодветни поднесоци.