Оваа изјава е по ваше барање, бидејќи повеќето од вашите колеги ме прашуваат во однос на Тематската седница на Владата, во име на транспарентноста и инклузивноста на сите медиуми се реши оваа изјава да ја дадам тука пред сите вас.
Денес имавме и Тематска седница на Владата по барање на Секретаријатот за европски прашања, со цел да се разгледа ЕУ агендата и да се дадат нашите предлози како координатори на европската агенда, имајќи предвид дека во овој период овие неколку месеци се всушност месеци кои Владата ги има посветено на ЕУ агендата, па можам да кажам дека во наредните месеци имаме Тематска Влада, Влада за интеграции.
Како што знаете, статусот на интеграции на Република Македонија во Европската унија според последниот Извештај на Европската комисија е прилично не добар за нас, имајќи ги предвид сите слабости и институционални слабости кои произлегоа од самата криза низ која поминавме, па во последниот Извештај се укажува на поназадување на државата во однос на евроинтеграциите и добивме условена препорака за започнување на преговори, во кои два основни услови беа реализирање на фер, кредибилни и прифатливи извори, како и реализирање на Итните реформски приоритети.
Првиот услов, на некој начин, беше реализиран, со тоа што на 11 декември имавме фер избори кои беа прифатени од страна на сите и тоа се рефлектираше на ново парламентарно мнозинство, нова Влада, што ни отвора можност за адресирање на вториот услов, а тоа е Итните реформски приоритети. Ние го додадовме зборот „агресивно“ адресирање на Итните реформски приоритети, заради тоа што изгубивме многу време со институционалната криза, па имавме многу застој во реформите и сега треба да го компензираме и времето што е изгубено, меѓутоа, и да работиме на тоа што ни следува како држава во однос на Итните реформски приоритети.
Меѓутоа, тоа што е најбитно, тоа се позитивните пораки кои што ги добиваме од нашите меѓународни партнери, а кои обично се рефлектираа во средбата која што ја имавме во Брисел и бевме примени на највисоко ниво, при што ни беа дадени позитивни сигнали во однос на случувањата во Република Македонија после 11 декември и ние се обврзавме дека ќе работиме и како што реков агресивно ќе ги адресираме овие реформски прашања кои што се задача на Владата.
Согласно тие суштински разговори кои што ги имавме во Брисел, согласно оваа нова клима која што се создава околу нас не само во билатералните односи меѓу Европската унија и Република Македонија, меѓутоа во однос и на движењата во регионот, имајќи предвид дека со Европската унија ќе претседаваат три земји од регионот во наредните три шестмесечни циклуси почнувајќи од Бугарија, преку Австрија и Романија, гледаме прозорец на можност да се фатиме на таа енергија, на таа позитивна клима, за да можеме да испорачаме што е можно побрзо и да можеме да ја тргнеме прво оваа условена препорака и после локалните избори да добиеме чиста препорака, без ниедни услуги, за да потоа можеме евентуално да добиеме шанса за датум за започнување на преговори. Согласно тие суштински разговори кои што ги имавме во Брисел, кои Владата веднаш после тоа, уште првиот ден после доаѓање во Скопје, формиравме ад-хок експертска група која подготвува еден правец, подготвува еден акциски план за тоа што можеме ние да реализираме за да ги исполниме очекувањата на нашите меѓународни партнери и тоа конкретизирано во цели, конкретизирано во мерки, институции кои треба да ги реализираат истите, меѓутоа, и во временска рамка кога треба да се реализираат тие реформи. Оттука, оваа седница на Владата, после серија на средби кои што ги имав јас и Секретаријатот, со сите институции, со Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Државна изборна комисија, со Министерството за информатичко општество и администрација, ни остануваат уште редица други институции во кои во најкраток временски рок тие цели кои Владата ги поставува во овој правец, во овој Акциски план, а произлегува од разговорите во Брисел, треба да предложат конкретни мерки, за да можеме на седницата со Хан, на 26 јуни, да подготви една драфт верзија во тој правец на тој Акциски план, со цел краткорочно, до локалните избори, да можеме да испорачаме резултати и со самите локални избори да ја дадеме првата порака дека агресивно ги адресираме реформите и очекувањата на нашите партнери, потоа со среднорочни мерки се до декември кога ќе се разгледува препораката на Комисијата, која очекуваме дека после краткорочните мерки ќе биде чиста и ќе биде без никакви условувања, и долгорочни мерки кои ќе ја држат во темпо евроатланската интеграција, евроатланската ориентација на Република Македонија.
Како што реков, оваа Влада ја оценувам како Тематска, како Влада за интеграции. Сите институции се вклучени во овој процес, но тоа што сакаме е процесот да биде инклузивен, инклузивен во смисла на вклучување на граѓанското општество и затоа уште во подготвувањето на тој Патоказ, на тој правец, веќе во наредните денови имаме широки консултации со невладиниот сектор, со цел да го видиме нивниот инпут во приготвување на истите, меѓутоа бараме инклузивен процес со сите политички партии, да ги почитуваме различните мислења и од политичките партии, и од опозицијата и од власта, бидејќи овој процес не е ексклузивен процес на Владата. Успесите на овој процес не можат да бидат заслуга само на Владата, бидејќи не се очекува дека резултати може да дава само Владата. Во овој процес треба да бидат вклучени и Собранието и сите политички партии во неа, и невладиниот сектор и сите институции и независни тела кои имаат своја улога во правецот на интеграција. Почнуваме со сериозна работа.
Уште нешто да спомнам, имено, паралелно со агресивното адресирање на Итните реформски приоритети, работиме на уште еден план, отстранување на политичките пречки кои до сега беа пречка на патот на интеграциите. Затоа утре патуваме во Бугарија. Како што реков, земјата која ќе претседава со Европската унија, за да бидеме високо на нивната агенда при претседавањето со Европската унија, меѓутоа и за да ги решиме отворените билатерални прашања со нив, затоа во Рамковниот договор се ставени овие Итни реформски приоритети за да затвориме уште едно прашање кое е дел од нашата ЕУ агенда за да потоа останеме како единствено нерешено прашање, да го оставиме прашањето на името, емоционално комплицирано прашање за кое ќе треба време од отстранување на предрасудите и во градење на мерки на доверба, за да не оставиме причина на нашиот пат ЕУ интеграциите.