Средба на министерот Спасовски со министерот за внатрешни работи на Унгарија

Министерот Оливер Спасовски на маргините на Конференцијата на Министри за внатрешни работи во рамките на Салцбуршкиот форум во Будимпешта, посветена на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж Западно-балканската рута, денеска имаше средба со министерот за внатрешни работи на Република Унгарија Шандор Пинтер.

Министерот Пинтер потенцира дека Република Унгарија високо го цени начинот на кој Република Македонија се справи со мигрантската криза и понуди помош за справувањето со проблемот со мигрантите во иднина.

На средбата се разговараше и за проширување на соработката на двете полиции, особено во делот на борбата против корупцијата.