Министерката за образование и наука, г-ѓа Рената Дескоска, придружувана од заменик министерот за образование и наука г-динот Висар Ганиу, денеска оствари работна средба со амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. г-динот Џес Бејли, на која присуствуваа и претставници на УСАИД и Мировниот корпус.
Министерката Дескоска, на средбата ги истакна приоритетите на Министерството за образование и наука, односно финализирање на Стратегијата за образование, измените и дополнувањата на Законот за високото образование и поддршката на децата со посебни образовани потреби.
Дескоска, исто така го запозна Амбасадорот Бејли за најавената ревизија на учебниците за основно и средно образование, како и измените на Законите за основно и средно образование.
Министерката се заблагодари за долгогодишната поддршка и помош на Американскиот народ, преку разни проекти во Република Македонија, како и за стручната помош која ја добиваат сите лица вклучени во воспитно-образовната дејност во земјава.