Вкупно 164 килограми опојна дрога марихуана, пронајде и одзеде СВР Охрид, во неколку организирани акции реализирани од почетокот на годинава до денеска. Во врска со тоа а постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, предвидено во чл.215 ст.1 од Казнениот законик на Република Македонија, криминалистичката полиција при СВР Охрид против пет лица, еден албански и четворица македонски државјани има поднесено соодветни кривични пријави.
Според наводите во поднесените пријави, пријавените лица извршиле транспорт на поголема количина на опојна дрога мариухана по воден пат односно транспорт преку водите на Охридско Езеро. Нивните намери биле натамошна препродажба на опојната дрога на подрачјето и пошироко во Република Македонија.
Посочените акции за сузбивање на наркокриминалитетот се изведени крајно професионално и во беспрекорна координација на криминалистичката полиција и другите организационите единици на СВР Охрид со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.