Додека граѓаните на Струга беа преокупирани со еколошката катастрофа, која поради несериозноста на новата влада и локалната самоуправа во Струга ја доведе во прашање целата туристичка сезона, која за многу граѓани на овој град е главен извор на приходи, СДСМ се занимаваше со промени на директори и раководни лица на училишта.
Од локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Струга обвинуваат дека прв чекор на новата власт е брутална партизација на училиштата.
„СДС е синоним за лицемерие, што има СДС против Струга и Македонците. Едно ветува во опозиција, а друго работи кога е на власт. На изборите ветуваа дека политиката и партијата нема да ги мешаат во државата, а сега Заев дирекнто удри во образованието. Удри по луѓето кои се одговорни за да ги учат и воспитуваат нашите деца. Прв чекор на СДС во Струга е брутална партизација на училиштата. Заменети се директори и раководни лица, а што уште пострашно тоа е наравено надвор од законот, без никаков повод и причина и без никакво образложение,“ изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Струга.
Тие велат дека единствени на удар се само Македонците и дополнуваат дека колацијата на Заев и Села е надвор од сите демократски принципи, надвор од законот и надвор од разумот.
„Смените се прават исклучиво на етничка основа и политички на удар се единствено Македонците. Овие луѓе го дадоа својот максимум и заедно со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изградија нови објекти, доградби, надградби, спортски сали. Едноставно, она што го направи не СДС додека беше на власт, го направи ВМРО-ДПМНЕ. При тоа единствен критериум беше квалитетот на раководни кадри. Ова што се случува во Струга, во коалицијата на СДС и Села е надвор од сите демократски принципи, надвор од законот и надвор од разумот. Сигурни сме дека оваа коалиција која ги занемарува желбите и потребите на стружани, нема да опстане и ќе почне да се распаѓа токму од Струга“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Струга.
Инаку ова е втор скандал поврзан со СДСМ и неговиот коалиционен партнер Зијадин Села за само два дена. Градоначалникот на Струга Мустафа Забзун, во тешките мигови со загадувањето на градот со кој раководи, на незаконски начин одлучил дрвениот мост на Црн Дрим да го именува по своја желба, прескокнувајќи го и советот на Општина Струга.
Од локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, потегот мостот да се крсти Насер Хани, го сметаат за провокација од страна на градоначалникот, кој место да се фати за работа и да ја реши состојбата со загадувањето предизвикано од запалената дива депонија, тој се занимавал со именување мостови, во тие тешки мигови за градот, кои може да значат и уништување на цела туристичка сезона.
Од таму побараа веднаш да се престане самоволието на некои локални струшки моќници, кои затскриени зад неспособната локална самоуправа, делуваат на своја рака. Тие побараа веднаш од надлежните органи да ја отстранат оваа табла.