Градоначалникот Никола Бакрачекси, до граѓаните од исламска вероисповед, упати искрени честитки по повод големиот празник Рамазан Бајрам.
„Искрено ви посакувам овој Рамазан Бајрам да ја зајакне верата и солидарноста меѓу луѓето, покажувајќи го патот кон вистината и праведноста. Само со триумфот на љубовта над омразата, можеме заеднички, со нашите сограѓани од сите вери и определби, да градиме посветла иднина . Нека и овој Бајрам не потсети на добрите дела кои треба да ги правиме кон себе, кон своето семејство и пошироката заедница„- стои во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески.