ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, до верниците од муслиманска вероисповед упатува честика по повод празникот Рамазан Бајрам.
„Дозволете на овој голем ден и празник за припадниците на муслиманската вероисповед да го честитаме верскиот празник Рамазан Бајрам. При тоа сакаме да истакнеме дека во овие големи празнични мигови нема нешто повозвишено од радост, душевен мир, и празнување на големиот верски празник со надеж за уште поголем проспореритет во сите полиња.
Мирољубивоста и соживотот треба да биде водилка кон градењето на едно заедничко општество кое е столбот за меѓусебна почит. Од тој аспект нека овој празник биде споделен со радост, среќа и воедно меѓусебна почит на сите. Честит празник!“-стои во честитката.