Конкурс за изменување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2017/2018

Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/2011, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14 10/15, 98/15,145/15, 30/16 и 127/16), Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија” број 71/06, 117/08, 148/09, 17/11, 24/13, 137/13, 41/14 и 145/15) и Законот за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр.115/14, 129/15, 146/15, 30/16 и 142/16), се врши изменување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2017/2018 година во Република Македонија.

Во делот V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Ставот 7 „ За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 2 поени, добро поведение се вреднува со 1 поен и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).“ се менува и гласи: „За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).“

Ставот 8 „Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 77 поени.“ се менува и гласи: „Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.“