Денеска министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Н.Е. Ренате Коблер.
Искажувајќи задоволство од плодната соработка и поддршката што Македонија ја има од Австрија во евроинтегративните процеси и во постигнувањето на заедничките цели во заштитата на животната средина, министерот Дураки ја истакна намерата во наредниот период соработка со членките на ЕУ максимално да се интензивира.
Република Австрија преку Австриската Амбасада и Австриската Агенција за развој повеќе години наназад беше дел од успешната реализација на многубројни проекти за заштита на животната средина, особено во делот на водоснабдување, собирање и третман на отпадни води, зајакнување на административните капацитети на јавните претријатија кои стопанисуваат со водните ресурси, климатските промени, но и во твининг проектите за квалитет на воздухот.
На крајот на средбата Дураки и Коблер изразија подготвеност веќе воспоставната добра соработка во постигнувањето на европските стандарди во различни области на животната средина уште повеќе да се продлабочи и интензивира.