Денес дел од екипите при ЈП „Охридски Комуналец” спроведоа акција за расчистување на потегот од автокампот Љубаништа, се до викендиците.
Ова место во текот на сезоната го користат диви кампери и позади себе оставаат големи количини на отпад. Од страна на претпријатието беше темелно исчистен целиот потег и отпадот беше уредно подигнат. Апел до надлежните служби да преземат мерки, да не би се користел просторот за таква намена. Истата слика се повтори и на плажата “Лабино”, како и во околната шума која секојднево е запоседната со 15-тина до 20 шатори.