Вчера околу 16:10 часот на потегот помеѓу с.Делогожда и с.Поум,струшко, на поголема површина, полициски службеници забележале шумски пожар со кој била зафатена нискостеблеста, дабова и букова шума.
За пожарот биле известени Теротиријалната противпожарна единица, Шумското стопанство и Центарот за управување со кризи.
Утрово во 07:00 часот пожарот се уште бил активен и не постоела опасност за населените места. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.