Од утре 01.07.2017 година (сабота) ќе отпочне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од утре 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Временските интервали се : петок од 17.00-22.00 часот, сабота 09.00-18.00 часот и недела 09.00-22.00 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Од 01.07.2017 година (сабота) ќе отпочне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони.
Временските интервали се : петок од 15.00-22.00 часот, сабота 07.00-12.00 часот и 18.00-24.00, и недела 07.00-22.00 часот.
Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застој во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.