В.Д. директор на Државниот Завод за статистика, Апостол Симовски
Новоименуваниот в.д директор на Државниот Завод за статистика, Апостол Симовски е дипломиран економист, роден на 28.08.1961 година.
Апостоловски поседува неколку дипломи од специјализирани обуки организирани од Бирото за попис во САД, меѓу кои: Обуката за планирање на пописни активности, одржана во Вашингтон во 1996 година, Обуката за контрола на квалитетот на податоците, одржана во 2001 и Обуката за подготовка на проекции на населението, одржана во 2005 година.
Тој е истакнат и докажан професионалец со 26 годишно работно искуство во својата професија и на позицијата директор доаѓа од позиција на виш соработник во секторот за деловни статистики, земјоделски статистики и статисики за животна средина во Државниот завод за статистика.
Претходно работел како советник во секторот за информатичка поддршка и одделението за методологии и како раководител на секторот за социјални статистики, одделението за демографија, а од 2005 до 2006 година бил и директор на Државниот завод за статистика.
Објавени се и неколку негови позначајни трудови од областа на статистиката меѓу кои: “Проекции на населението во Република Македонија до 2020 година, по возраст и пол“ објавен во 2008 година, „Демографски трендови во Република Македонија 1948-2001 година“ објавен во 2002 година и други.
Поседува огромно искуство и знаење во активности поврзани со спроведувањето на попис на населението, домаќинствата и становите во 1991, 1994 и 2002 година како и во активности поврзани со проценка населението во периодот меѓу пописите, краткорочни и долгорочни прогнози на населението и е познат како член на тимот кој ги изработил првите проценки на населението во Р.Македонија.
Член е на експертската група во Советот на Европа за проектот „Демографски последици од економската транзиција во земјите од Централна и ИсточнаЕвропа“ и EAPS (Европската асоцијација за студии за населението) и учествувал на многу меѓународни работилници и состаноци организирани од Еуростат, Обединети Нации и други меѓународни организации.
В.Д. директорка на Државниот управен инспекторат,Фаница Николовска
Новоименуваната в.д. директорка на Државниот управен инспекторат, Фаница Николовска е дипломирана правничка, родена 12.08.1978 година, во Тетово.
Својата професионална кариера Николовска ја гради како службеник во Генералниот секретаријат на Влада од 2006 до 2011 година, потоа до 2012 работи во Министерството за информатично општество и администрација, а до моментот на именување работи во Државниот управен инспекторат.
Има посетувано бројни семинари и курсеви од областа на правото меѓу кои: „Работилница за имплементација на Закон за вработени во јавниот сектор, Закон за административни службеници и Закон за инспекцискинадзор“, „Стручната обука за запознавање со новините во Законот за инспекциски надзор и соодветните подзаконски акти, новините во Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, новините во прописите за канцелариското работење“ и други и поседува бројни познавања во областа на застапување на судски спорови, прописи од областа на управнапостапка, инспекциска постапка, управни спорови и нивна примена во пракса.
В.Д. директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски
Ново именуваниот в.д. директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски е дипломиран економист, роден 09.11.1989 во Скопје.
Неговиот долгогодишен активизам за правата на младите во Македонија значително придонесува кон развој на младинската критичка мисла и кон промоција на младинското учество во решавањето на проблемите на државата.
Учествува на неколку форуми и тренинзи во организација на светски познати институти како што се, ИРИ – Интернационалниот Републикански Институт, Моментум од Велика Британија, Фридрих Еберт од Германија, кадешто професионално се надградува и разменува знаења и искуства поврзани со младинските политики.
Од 2014 година како потпретседател на СДММ, Дарко Каевски ја застапува oорганизацијата како полноправен член во рамки на Националниот Младински Совет на Македонија.
Каевски остварува значаен придонес во јакнењето на соработката помеѓу младите луѓе од Македонија и Кина за што добива сертификат од највисока чест од кинеската дипломатија.
Како млад економист Каевски ја започнува својата кариера во 2012 година со работа во геодетско друштво.
Во 2013 година тој е избран за член на Советот на општина КиселаВода и воедно назначен за претседател на Комисијата за локален економски развој со што директно учествува во носењето на важни одлуки за граѓаните поврзани со капитални инвестиции во општина Кисела Вода.
В.Д. директор на Државниот Aрхив на Р.Македонија, Кирил Петров
Ново именуваниот в.д. директор на Државниот Aрхив на Р.Македонија, Кирил Петров е дипломиран правник и адвокат, роден 31.01.1953 година.
Како истакнат правник и адвокат Кирил Петров своето професионално работно искуство го гради во неколку познати претпријатија.
Во периодот од 1982 до 1990 година работи како правник во „Технометал Вардар извоз-увоз АД“, за надворешен и внатрешен промет, а во периодот од 1990 до 1994 година работи како управител на претпријатието за надворешен и внатрешен промет на големо и мало „ ЈИК“ извоз-увоз.
Подоцна,од 1994 до 2001 година е управител во „Конекском извоз-увоз“.
Во 2005 година е ангажиран како асистент во Италијанската амбасада каде што работи се до февруари, 2007 година.
Има положено правосуден испит и испит за извршители и добро ги познава англискиот, српскиот и италијанскиот јазик.
В.Д. директор на Службен Весник на Р.Македонија, Мартин Костовски
Ново именуваниот в.д. директор на Службен Весник на Р.Македонија, Мартин Костовски е дипломиран правник, роден на 31.05.1983 година.
Својата правничка кариера Костовски ја започнува во 2007 година како помлад асистент во адвокатска канцеларија.
Во 2008 година целиот свој капацитет го вложува како професионалец кој работи во служба и за интерес на граѓаните во општина Куманово, на почеток како асистент за односи со јавност, потоа до 2011 како помлад соработник за поддршка на меѓународна промоција на општината, а до 2014 година работи и како раководител на одделението за меѓународна соработка на општината и на одделението за инспекциски надзор во урбанистичко-градежна и комунална дејност, животна средина и угостителско-туристичкадејност.
Своите менаџерски и организациони способности Костовски ги усовршува на позицијата помошник раководител на Секторот за меѓународна сорботка и евроинтеграции во општина Куманово каде што работи до неговото именување за директор на Службениот весник на Р.Македонија.