Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за изборот на новата Влада на Република Србија и стапувањето на должноста на Ана Брнабиќ за Претседател на Владата на Србија, со желба за успешна реализација на идните активности.
„Поаѓајќи од нашите определби за натамошна изградба и унапредување на добрососедските односи, очекувам дека ќе продолжиме со плодната соработка меѓу Владите на нашите две земји, како и меѓу надлежните институции, по прашања од заеднички интерес, како придонес во зајакнувањето на меѓусебните односи.
Сигурен сум дека нашите заеднички напори, воедно дополнително ќе придонесат кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на нашиот регион.
Во очекување на нашите идни средби и соработка, почитувана колешке Брнабиќ, примете ги изразите на моето највисоко почитување“, се вели во честитката на премиерот Зоран Заев.