На Конференцијата на клубови што се одржа во просториите на РФМ на 16 јуни одредени беа натпреварувачките броеви на екипите што наредната сезона (2017/2018) ќе се натпреваруваат во ВИП Суперлигата во машка конкуренција, а со тоа одреден беше и распоредот на натпревари.
Сезоната почнува викендот на 16 и 17 септември 2017 година, а до крајот на календарската 2017 година ќе се одиграат 14 од вкупно 18-те кола. Пауза ќе има во периодот од 23 до 29 октомври за ЕХФ Неделата кога активни ќе бидат репрезентативните собири. Последните суперлигашки натпревари во 2017 година ќе се одиграат на 16 и 17 декември.
→ ЦЕЛОСЕН КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРИ ЗА ВИП СУПЕРЛИГА МАЖИ ЗА СЕЗОНА 2017-18 ←