На 05.07.2017 година во 22:15 часот во Струга на ул.„Вељко Влаховиќ“ од страна на полициски службеници од ПС Струга било сопрено патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со охридски регистерски ознаки управувано од Ј.Т.(20) од Струга.
По извршеното легитимирање и преглед над возилото и возачот во најлонска кеса биле пронајдени 15 мали најлонски паковки со непозната зелена тревкаста материја и една хартиена паковка со непозната зелена тревкаста материја во паричникот на Ј.Т.. Од страна на увидна екипа од ПС Струга било извршено фотографирање и истите биле подигнати за понатамошна постапка, а лицето било приведено. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по добиена судска наредба од Основен Суд Струга, извршен е претрес во домот и помошните пристории на Ј.Т. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.