Интегрален текст од изјава за медиуми на Владимир Нелоски, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Вечерва со почеток од 20 часот, тука во Античкиот театар, во Охрид, ќе се одржи 26-тата по ред годишна Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа годишна конференција одиме со мотото „Движиме“. Го одбравме ова мото поради две причини.
Првата причина е поради фактот што УМС е движечка сила и столб на ВМРО-ДПМНЕ.
А, втората причина е поради фактот што без разлика на околностите, без разлика дали сме на власт или пак во опозиција нас тоа не ни менува. Како УМС секогаш сме на браникот на државните интереси, на интересите на Република Македонија.
Вечерва овој театар ќе биде преполн од млади луѓе, млади луѓе кои што имаат ентузијазам и енергија да работат заедно за нови победи.
Сакам сега да ја искористам оваа прилика да ги поканам и сите останати луѓе, постари членови на партијата но и симпатизери и неопределени, доколку имаат можност и се наоѓаат денеска во град Охрид да ни се приклучат на нашата годишна Конференција.
Годишната Конференција ќе има формален и неформален дел.
Во неформалниот дел ќе имаме културно-забавна програма и изложба. Додека во формалниот дел ќе имам Јас лично говор и претседателот на нашата партија, господинот Никола Груевски.