СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(35) од с.Д.Средоречие, за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”.
На 06.06.2017 година, околу 10,00 часот, додека вработен како референт по возила во СВР Охрид бил на работно место во канцеларија во Центар за возила Охрид, го забележал пријавениот и на истиот му укажал да направи А тест на товарно моторно возило, бидејќи истото не било по облик специјално-машина за бетон туку била машина кипер. На ова, пријавениот недолично му возвратил и почнал да му се заканува, а потоа се затрчал кон него и физички го нападнал удирајќи го во пределот на градите.