Отворениот градски базен кој функционира во склоп на ЈП „Билјанини извори“ од денес ги отвора вратите за љубителите на пливањето.
Работното време на базенот е од 09.00 до 20.00 часот . Од 09.00 до12.00 часот и од 18.00 до 20.00 часот базенот ќе го користат охридските школи “Делфини 2012” и “Охридски Бранови” , додека од 12 до 18 часот базенот ќе е отворен за рекреативци и сите љубители на пливањето. За посетителите целодневна влезница изнесува 60 денари.