На 12.07.2017 година околу 15:15 часот во населба Свети Стефан-Охрид, на плажа во бесознание бил пронајден Б.О.(80) од Прилеп, со место на живеење во Австралија.
Во 15:25 часот, од страна на доктор од екипата на Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на лице местото извршила екипа од СВР-Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба денес над телото на починатиот во Медицински центар Битола, Судска медицина ќе биде извршена обдукција.