Во интерес на еколошката, економската и туристичката развојна иднина на Југозападниот регион и Западна Македонија, во периодот од 2000-2004 год. како претседател на еколошкото друштво Грашница од Охрид, покренав иницијатива да се работи на искористување на природните потенцијали на овој дел од Македонија во интерес за побрз еколошки, економски, туристички и инфраструктурен развој на Западниот дел од Македонија
-покренав иницијатива за стопирање на риболовот на Охридско Езеро во период од 10 години
-во општина Дебрца да се отвори средно училиште за аграр и екологија со цел југозападниот регион да добие образовани фармери кои ќе бидат носители на идниот развој на овој дел од Македонија
-патниот правец Бошков мост – Извор Кичевски да се асфалтира за побрзо поврзување на Дебарскиот и Мијачкиот крај со туристичкиот крај на Охрид и неговити сливно подрачје
-по стопирањето на риболовот на Охридско Езеро и мониторнгот од 10 години како идни концесионери на Охридско Езеро да бидат локалните власти
-ова го побарав во интерес на еколошката заштита на целото сливно подрачје на Охридското Езеро, негов побрз економски и туристички развој како докажан рибничен туристички регион од Македонија
-Охридското Езеро како голем економски потенцијал да се прогласи како главен репроцентар, односно матичњак за добивање на млади пастрмки и да се порибува цела Република Македонија, со сите реки природни и вештачки акумулации каде за тоа одговараат природните услови
-Охридското Езеро да се користи за спортски риболов поврзан со туризмот и локалните власти на Охрид и Струга да станат економски моќни власти кои ќе бидат во интерес на целото сливно подрачје на Охридското Езеро
-за потребите на туристичките објекти и хотелиерството Охридската пастрмка да се одгледува во приватни рибници
Охридското Езеро заедно со градот Охрид од далечната 1980 е под заштита на УНЕСКО. Тие се дел од националниот парк Галичица.
-вистинскиот правец по кој треба да се оди во иднина за искористување на економските потенцијали на Охридското Езеро со неговата флора и фауна обработено е во петтото поглавје од мојата книга што ја промовирав во 2015 година под наслов “Битка за спас на Охридската Пастрмка”
-за успешна реализација на еден ваков многу битен проект од економски социјален, туристички и еколошки развој неминовно е мојата книга да се отмечати преку 50 000 примероци на јазиците Македонски, Албански и Турски, и бесплатно додели на сите граѓани, институции, библиотеки, школи, локални власти за нивно целосно запознавање со охридската пастрмка за нејзиниот биолошко-еколошки однос, како и економските вредности кои треба да бидат во интерес на целиот Југозападен регион на Македонија
-книгата “Битка за спас на ендемичната охридска пастрмка од нејзино истреубање” биде дел од проектот пред Европската Унија во интерес на заштитата и зачувување на природните вредности на Република Македонија
Како признание на мојата активност што ја водев како докажан екологист за Западна Македонија во далечната 2004 год. од Европската Банка за Обнова и Развој, бев поканет на годишното собрание на Европската Банка во Лондон.
Од оправдани причини не можев да присуствувам, а моето мислење и долгорочниот мој став за Балканот и Европа преку маил го доставив до Европската Банка за Обнова и Развој.
Како Македонец и граѓанин кој потекнува од градот Охрид и Охридското Езеро кои од 1980 се под заштита на УНЕСКО, моите предлози идеи, правци и проекти, Европската Унија целосно ги прифаќа, претвора во дела во интерес на целиот Балкански регион и Европската Унија.
ОБРАЌАЊЕ
Почитувани дами и господа од Европската Банка за обнова и развој, гувернерите на восокоразвиените земји од Европсјата Унија, како и сите поканети гости од други делови на Европа на годишното собрание во 2004 година кое се одржува во Лондон.
Посебно за мене претставува голема чест што бев поканет да присуствувам и земам активно учество на Годишното Собрание на Европската Банка за обнова и развој.
Како граѓанин на Р. Македонија која претендира во догледно време да биде примена во семејството на Европската Заедница.
Екологист и добар експерт со познавањето на пошироките економски, еколошки, социјални и туристички проблеми во регионот на Охрид, Струга, Дебар, Кичево и М. Брод со вкупен број на жители преку 300 000. Секогаш сум се залагал, а во иднина ќе се залагам преку разни иницијативи и проекти од локално и пошироко регитнално значење допринесам за што побрзо доближување на Р. Македонија до европските стандарди за нејзино активно зачленување во Европската Унија.
Посакувам криминалот и корупцијата, теротизмот бидат искоренети од сите и во сите европски земји и никогаш не најдат поддршка и во земјите надвор од Европа.
Европа во 21-ви век ја замислувам како едно големо семејство кое се простира на голема територија и живее во мир со високо развиена економија, совест, чиста животна средина и Европа без граници.
За крај уште еднаш ви се заблагодарувам на вашата покана, жалам што од оправдани причини не можам да присуствувам, а на сите ви посакувам плодна и успешна работа.
Секогаш останувам отворен за комуникација и соработка со Европската Банка за обнова и развој, високоразвиените економски земји од Европката Унија, како и сите земји кои сега и во иднина сакаат да се зачленат во Европската Унија.
Посакувам Балканот што поскоро да стане европско семејство и стане регион со огромна економска развиеност и широка регионална соработка.
Сакам да бидам присутен во земјите членки на Европската Унија со свои мислења, предлози, трудови и проекти кои ќе предузвикуваат голем интерес за вложување на нивни капитал за развој и просперитет на Р. Македонија.
Со почит
Г-дин дипл.инж.агр. Лазо Наумоски
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.