Градоначалникот Никола Бакрачески беше домаќин на средба со членовите на израелската школа за лидери.
На средбата од страна на градоначалникот беа презентирани бизнис потенцијалите што ги нуди градот, како и отвореноста од страна на Локалната самоуправа за соработка помеѓу овие две институции.
Претставниците на школата, кои се доктори на науки во повеќе области, ја изразија својата благодарност за пречекот и својот восхит од убавините на градот. Заеднички впечаток беше дека ќе се вложат дополнителни напори за да се оствари меѓусебна соработка на повеќе полиња.