Вчера околу 19:00 часот, во Струга, на ул.„Маркс Енгелс“, А.И.(26) од с.Корошита-Струга кој бил поранешен свршеник на А.Ш.(26) од Шведска, лице со хендикеп на десна рака, откако ја раскинале свршувачката, со намера да ги врати облеката и златниот накит, отишол во зградата во која престојува истата со семејството и откако видел дека влезната врата од зградата била затворена, насилно ја отворил, влегол во станот и физички ги нападнал и А.Ш. и нејзинито семејство и тоа сестра и А.Ш.(18), татко и Ф.Ш.(50) и мајка и Н.Ш.
Во еден момент во станот пристигнал и братот на А.И., Љ.И.(31) и истите повторно ги нападнале присутните, а во намерата биле спречени од страна на Ж.М. кој престојувал во истата зграда. Потоа насилството продолжило и пред самата зграда каде сторителите со тупаници го нападнале семејството, при што Н.Ш. паднала во бесознание. Истата со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Медицински центар Струга, каде и е укажана лекарска помош и е задржана за понатамошно лекување, додека Ф.Ш. се здобил со телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.