Охридската културна и музичка сцена ова лето, навистина ќе понуд пласманм на квалитетни културни и музичлки вкусови, под организациската закрила на Авалон, најголемата музичка и продуцентска куќа на Балканот, која полека, но сигурно, станува Македонски бренд за музички квалитет во светски рамки.
По настапите на најголемите ди џеи и проценти на денешницата, Afrojack и Hardwell, музичките сладокусци ќе имаат навистина прекрасдна можност да уживаат во звуците на на нивната младост, проткаени низ музичките ноти на легендарните „Бијело Дугме“, своевремено и нарекувани со епитетот, Југословенски Ролинг Стоунси.
Ова ќе биде првиот голем open air концерт на маестралните Копчиња, Ален Исламовиќ, Младен Војичиќ – Тифа и Горан Бреговиќ, кои беа симбил и заштитен знак на младоста и бунтовноста на плејада млади луѓе на просторите на поранешна Југославија. Нивната музика, преточена во нотите на безбројните и безвременски хитови, Ружица си била, Хајдемо у планине, Након свих ових година, Тако ти је мала моја, кад љуби Босанац, Липе Цвату, Има нека тајна веза и многу други, и овојпат ќе допре до душите на нивните многубројни обожаватели, кои легендата за бескрајната популарност на овој бенд ја шират и на сите идни генерации.
Концертот ќе биде продукциски на ниво на светските концерти, по сите светски стандарди, ќе трае повеќе од 2ипол часа, а ќе започне во 22:30 часот.
Цената на влезниците во партерот изнесува 600 денари, за Фан Пит делот е 900 денари, а за ВВИП одделот е 1500 денари.