Празничен летен ритам во Охрид

Во предвечерјето на големото Илинденско празнување, Охрид повторно ќе дише во духот на неверојатното музицирање на едно од најатрактивните DJ имиња на денешнината, Afrojack. Традицијата на одлични музички перформанси продолжува и годинава, а Охриѓани и голем број присутни туристи ќе имаат несекодјневна и ексклузивна можност да уживаат во звуците на овој музички магионичари, благодарение на Авалон продукција.

Тој ќе има свој перформанс, во рамките на второто издание на Ohrid calling. Суперпопуларниот Afrojack ќе настапи на 01.08.2017 година, во ноќта спроти Илинден. Тој може да се пофали со исклучителен музички бекграунд, моментално бидувајќи еден од најтиражните извењдувачи и највлијателен диџеј и продуцент, чие доаѓање во Македонија со нетрпение се очекува во целиот регион. Во неговото резиме значајно место зазема и една Гран при награда, а неколку години по ред е вбројуван и во 10-те најдобри ди џеи во светската музика, согласно сите релевантни музички листи и критики.

Неговиот настап на стадионот „Билјанини Извори“, ќе започне на 01.08.2017 година во 19.00 часот, а се очекува да трае до 04.00 часот изутрина.

Наредниот ден, на 02.08.2017 година, Илинден ќе биде одбележан и со настапот на Hardwell, најмладиот ди џеј во светски рамки.

Цената на индивидуалните влезници за настапите на двајцата музички магионичари изнесува 1000 денари за партер, 1500 денари за Фан Пит, 1500 денари за ВИП и 2000 денари за Ултра вип, додека пак блок влезниците за двата фестивалски денови изнесуваат 1500 денари, блок влезница за партер и 2500 денари за блоки влезница за Фан Пит. Влезниците може да се набават на продажната мрежа на www.kupikartizase.

Инаку од оваа година, фестивалот OHRID CALLING ќе добие една поинаква димензија, па така фестивалот кој за брзо време стана препознатлив бренд во Македонија и на Балканот, годинава ќе трае два дена, од 01 до 02-ри август, со што Охрид навистина ќе стане огромна туристичка атракција ова лето за посетителите од цела Европа.